Осудените во случајот со убиствата на Вања и Панче се жалат на доживотниот затвор! Апелацискиот суд во Скопје ја одложи јавната седница по жалбите за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски поради хоспитализација на обвинетиот Боре Видевски.
Новиот термин е закажан за 11 мај, а судот предупреди дека понатамошни одложувања нема да бидат дозволени. Жалбите ги поднеле Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени на доживотен затвор, кои бараат укинување на пресудата бидејќи не се согласуваат со казната.
Обвинителството, пак, ја оспорува ослободителната пресуда за таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.
Случајот се однесува на грабнувањето и свирепите убиства на 14-годишната Вања и велешанецот Панче во ноември 2023, злосторство што ја потресе јавноста.
Деск
ОДЛОЖЕНА ЈАВНАТА СЕДНИЦА ЗА ПРЕСУДАТА НА ПАЛЧО И ОСТАНАТИТЕ ОСУДЕНИ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ
1 Min Read

