Маж вработен во магацин за тоалетна хартија во Калифорнија, незадоволен поради својата плата, подметнал пожар во магацинот и предизвикал енормна штета, објавија американските медиуми. Како што пренесуваат, станувало збор за 29-годишниот Шамел Абдулкарим, кој се снимал додека ги палел палетите со тоалетна хартија.
-Сè што требаше да направите беше да ни платите доволно за да живееме, објавил тој.
Снимките кои ги објавија медиумите ги покажуваат последиците од пожарот во Онтарио, Калифорнија, кој целосно го уништил огромниот магацин за тоалетна хартија.
Според властите, овој магацин ги снабдувал потребите за тоалетна хартија на околу 50 милиони луѓе. Настанот се случил на седми април, а штетата била проценета на околу 500 милиони долари, објави Пипл.
-Шамел Абдулкарим (29), беше уапсен на 7 април и обвинет во петок, 10 април, за подметнување пожар во зграда што се користи за меѓусојузна и меѓународна трговија и во активности што влијаат на меѓусојузната и меѓународната трговија. Ако биде прогласен за виновен, може да добие задолжителна минимална казна од пет години и максимална од 20 години во федерален затвор, пренесе медиумот.
Деск
НЕЗАДОВОЛЕН ОД ПЛАТАТА, МАЖ ГО ЗАПАЛИЛ МАГАЦИНОТ ЗА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА КАДЕ РАБОТЕЛ, И ПРЕДИЗВИКАЛ ШТЕТА ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ!
1 Min Read
Previous ArticleВЕЛИГДЕН, ПРАЗНИК НА ВОСКРЕСЕНИЕТО, НАДЕЖТА И НОВИОТ ЖИВОТ

