Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“, го лишија од слобода С.Р. (38) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Како што истакнуваат, лицето е уапсено поради сомнение за инволвираност во борби со кучиња, а во врска со настанот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани, дека на 10.04.2026 на локалниот пат кон с.Камењане, во патничко возило „голф“ било пронајдено повредено куче, а од слобода биле лишени три лица.
Додаваат дека С.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Деск

