Вчера во 18:50 часот во село Мелница, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка лишиле од слобода 15-годишник од Мелница.
При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки, управувано од малолетникот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По насоки од јавен обвинител малолетникот во присуство на родител бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

