Се песната ,,Бела чао” во Будимпешта се славеше изборниот пораз на Виктор Орбан. Голем број на граѓани синоќа со огномети и со стиховите на италијанската песна ,,Бела чао” ја дочекаа веста за победата на парламентарните избори на Петер Маѓар, и заминувањето во опозиција на Виктор Орбан, по 16 години владеење во земјата.
Инаку, песната има историско и симболично значење, поврзано со борбата за слобода и отпорот против угнетување. Потекнува од Италија и станала позната за време на Втората светска војна, кога ја пееле италијанските партизани. Тие се бореле против фашистичкиот режим на Бенито Мусолини и нацистичката окупација.
,,Бела чао” често се пее на протести, а беше актуелна и во Македонија, за време на митинзи и протести на СДСМ. Во стиховите се раскажува за борец кој се простува со својата сакана и оди во борба за слобода, а ако загине, сакал да го закопаат во планина и да го памтат како херој.
Деск

