-По бубрези ме удираш, затоа што сам ми кажа дека татко ти те удирал по бубрези кога бил полицаец, за да не се познава, му вели Ивана на Стојанче Јовановски, додека тој и се исмејува.
Сцената е дел од видеоснимките кои ги правел обвинетиот Стојанче, а кои денес се прикажуваа во судница, и се со вознемирувачка содржина.
-Не ме удирај, зошто ме удри, дрогата ти го исуши паметот Стојанче, се дел од зборовите кои жената му ги кажува, додека Јовановски се смее и снима.
Нему му се суди за насилство и телесни повреди, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство. Неговата сопруга заедно со 6-гдишната ќерка се фрли од балкон на втори март, откако истиот ден во повеќе наврати тој ја тепал, а таа пријавувала во полиција.
На досегашните рочишта се слушаа сведочења на луѓе блиски на парот кои раскажуваа за долгогодишната голгота низ која минувала Ивана, а заедно со неа и ќерка и Катја. На наредното рочиште пак, исказ ќе дава Јовановски.
Деск
ЈА ТЕПАЛ, ПА ЈА СНИМАЛ: ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕОСНИМКИ НА СУДЕЊЕТО НА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ
1 Min Read

