Според соопштение објавено од одгледувачницата „THE GOD OF MACEDONIA“, куче од автохтоната раса шарпланинец, со името „MAKEDON – THE GOD OF MACEDONIA“, станало нов член на семејството на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Во објавата се наведува дека шарпланинецот, кој се претставува како симбол на македонското кинолошко наследство, е подарок и дел од иницијатива за промоција на оваа автохтона раса надвор од границите на државата.
Посебна благодарност во соопштението е упатена до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, кој, според наводите, учествувал во иницијативата за промоција и подарувањето на кучето.
Од одгледувачницата истакнуваат дека шарпланинецот претставува „национално богатство“ и една од најпрепознатливите автохтони раси од Македонија, позната по својата лојалност, сила и заштитнички инстинкт.
Оваа вест доаѓа во контекст на зголемен интерес за промоција на шарпланинецот како дел од културното и природното наследство на земјата.
Деск

