Наставничката Ајла Кара во моментите кога стравот ја парализирал училницата, таа не помислила на себе. Таа храбро застанала пред своите ученици, станувајќи нивен штит во најстрашниот миг. Додека околу неа одекнувале истрели, таа избрала да ги заштити децата, знаејќи дека можеби нема да се извлече.
Кара почина обидувајќи се да ги заштити учениците во нападот во училиштето Ајсер Чалик во Кахраманмараш, Турција. Во нападот кој го изврши 14-годишниот Иса Арас Мерсинли, со оружје од неговиот татко, пензиониран полицаец, загинаа десет лица, а 13 се повредени. И тој е помеѓу загинатите. Од повредените шестмина биле сместени на интензивна нега, а тројца биле во критична состојба.
Храбрата наставничка Ајла Кара зад себе остави три деца. Нејзиниот сопруг Рамазан, вчера за турските медиуми изјави дека се гордее со неа.
Нејзината жртва не е само трагедија, туку сведоштво за тоа што значи вистинска посветеност и човечност. Таа не била само наставничка – била чувар, водич и последна линија на одбрана за своите ученици.
Деск

