На 61-годишна возраст почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак. Таа беше дел од медиумскиот свет во Македонија 35 години, и останува запаметена како голем професионалец, како помеѓу читателите, така и помеѓу колегите.
„Како долгогодишен член на ЗНМ и поранешен член на Советот на честа при ЗНМ, таа активно придонесуваше во унапредувањето на етичките стандарди во новинарството и заштитата на професионалните вредности. Дувњак беше препознатлива по својата аналитичност и посветеност, особено во известувањето за правосудниот систем. Таа уживаше голема почит меѓу колегите и јавноста, како новинарка со висок професионален интегритет и силно чувство за одговорност. Нејзиниот придонес кон новинарската професија ќе остане трајно запаметен“, соопштија од Здружението на новинарите на Македонија.
Погребот на Гордана Дувњак ќе се одржи утре од 11 часот на гробиштата Бутел во Скопје.
Редакцијата на ВИКИМЕДИА (www.viki.mk) изразува искрено сочувство до нејзиното семејство.
Previous ArticleВОЗРАСЕН КАВАДАРЧАНЕЦ НАПАДНАЛ И ОГРАБИЛ МОМЧЕ ОД НЕГОТИНО
Next Article ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖЕНА – ПЕШАК ВО ГРАДСКО

