-Кога работиме како едно, спасуваме животи, објави детскиот кардиохирург д-р Владимир Чадиковски. Како што истакнува, во еден ден биле спасени две бебиња со комплексни срцеви дефекти.
-Денеска сакам да споделам дека успеавме во еден ден да оперираме две деца со тешки срцеви маани. Двете бебиња се околу два килограми и во една одлична координација со Клиниката за гинекологија и акушерство од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ успеавме двете деца да ги пренесеме и еве денеска да ги завршиме. Двете деца се на оддел и е надевам дека брзо ќе се опорават и брзо ќе заминат дома, објави д-р Чадиковски.
Овој прочуен детски хирург со години наназад ја пишува својата приказна со дела и е херој во очите на децата кои повторно трчаат и се смеат, а благодарноста на семејствата ја прави неговата работа со непроценлива вредност.
Во време кога често се зборува за проблеми во здравството, ваквите приказни потсетуваат дека постојат луѓе кои со срце и знаење прават чуда. Тивко, скромно, но со огромно значење – детските хирурзи се вистинските чувари на животот.
Деск
СПАСЕНИ ЖИВОТИТЕ НА ДВЕ БЕБИЊА: Д-Р ЧАДИКОВСКИ ЈА ПИШУВА СВОЈАТА ПРИКАЗНА СО ДЕЛА!
1 Min Read
Previous ArticleСЛАТКАР ЈА ОБЕДИНИ БАЛКАНСКАТА МЛАДИНА ВО ШПАНИЈА

