Во ноќен клуб во Шпанија, популарниот Слаткаристика, односно Марко Маринковиќ, приреди незаборавна вечер пред повеќе од 1.500 студенти од Македонија, Србија и Бугарија, кои имаа апсолвентска забава.
Атмосферата кулминираше во моментот кога тој им постави едноставно, но симболично прашање – „За кого ќе навивате на Светското првенство?“
Без двоумење, публиката во еден глас извика – „Босна!“, по што следеше уште поемотивен момент. Сите присутни заедно ја запеаја песната „I’m from Bosnia, take me to America“ од групата Дубиоза Колектив, претворајќи ја вечерта во вистинска демонстрација на балканско заедништво.
Овој спонтан, но моќен чин покажа дека музиката и младите луѓе лесно ги надминуваат границите и разликите. Наместо поделби, сцената во Шпанија донесе слика на единство, пријателство и љубов меѓу народите од Балканот – порака која ретко се гледа, но долго се памети.
Марија Клинчарова

