Компанијата КАМ повторно се најде на врвот меѓу најпосакуваните работодавачи во земјава, откако по трет пат ја доби наградата „Работодавач на годината“ во категоријата маркети. Признанието го доделува платформата Vrabotuvanje.com.mk, врз основа на јавно гласање и интересот на кандидатите за вработување.
Покрај првото место во својата категорија, КАМ оваа година го освои и второто место во вкупен пласман меѓу сите компании, што дополнително ја потврдува неговата позиција на еден од најатрактивните работодавачи во Македонија.
Од компанијата истакнуваат дека успехот е резултат на континуирани инвестиции во вработените, подобрување на условите за работа и вложување во професионален развој. КАМ брои повеќе од 1.500 вработени и во изминатиот период се фокусира на зголемување на платите и унапредување на работната средина.
Изборот за „Работодавач на годината“ опфаќа илјадници гласови од јавноста, како и анализа на интересот за огласите за работа, што го прави релевантен показател за перцепцијата на компаниите на пазарот на труд.
Со ова признание, КАМ уште еднаш го зацврстува својот имиџ како лидер во малопродажниот сектор и еден од најпосакуваните работодавачи во земјата.
Деск

