Преку мобилниот телефон Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле.
Близок другар на Илче има изјавено:„…му го препознав гласот и му реков на командирот да се вратиме и да им помогнеме.Уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница:
-Нема потреба повеЌе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изгинеме за Македонија… И радиостаницата замолкна.”
На денешен ден 2001 година, на планинскиот пат кај селото Вејце на Шар Планина, се случи еден од најтешките и најболни настани во поновата историја на Македонија. Во заседа беше нападната патрола на македонските безбедносни сили, а во жестоката престрелка животот го загубија осуммина припадници кои тој ден биле на должност.
Загинаа Роберт Петковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Бобан Трајковски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Бошко Најдовски и Кире Костадиновски — луѓе кои својата служба ја извршуваа во тешки и опасни услови, далеку од своите домови и семејства.
Масакрот кај Вејце остана длабоко врежан во колективното сеќавање како симбол на болка и загуба, а нивните имиња и денес се споменуваат со почит и тага, како потсетник на цената што ја носат конфликтите.
Деск
Next Article СТРАНЦИ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ НА ПРЕСАДУВАЊЕ НА КОСА

