Во последните години Скопје сè почесто се појавува на мапата на медицинскиот туризам, особено кога станува збор за естетски и реконструктивни процедури. Една од клиниките што се споменува во овој контекст е Vatanmed Скопје, каде, според информации од пациенти и посетители, сè почесто доаѓаат странски државјани за трансплантација на коса.
Пациенти од различни европски земји, меѓу кои Обединетот Кралство, Костарика и други, сè почесто избираат токму Скопје како дестинација за ваков тип интервенции. Причините, како што наведуваат дел од нив, се комбинација од пристапни цени, современа технологија и задоволителни резултати.
-Искрено, многу сум изненаден затоа што очекував помалку од Скопје, а најдов ммногу чист град, со многу пријатни и љубезни луѓе. Храната е одлична, времето е прекрасно и во клиниката е многу добро, во видео обраќање вели Хосе од Костарика, кој истакнува дека наишол на голема професионалност во клиниката, а првите резултати од пресадувањето на косата ги очекувал во наредните шест до 12 месеци.
И Британецот Дејмон раскажува дека дошол по препорака на негов колега, стоматолог, и не зажалил за одлуката. Од клиниката го дочекале на аеродромот, го однеле во хотел, и наредниот ден му била пресадена коса. Искуството за него било позитивно од почеток до крај, а по 11 месеци веќе можел да се пофали со природна, погуста коса.
Пресадувањето на коса денес не се гледа само како естетска процедура, туку и како значаен чекор кон враќање на самодовербата кај луѓето кои се соочуваат со опаѓање или губење на косата.
За многумина, промената во изгледот не е само визуелна, туку и психолошка. Пациентите често истакнуваат дека по успешна трансплантација на коса повторно се чувствуваат поудобно во сопствената кожа, послободни во социјални ситуации и посигурни во професионалниот живот.
Деск
Previous Article25 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ

