СВР Охрид ја информира јавноста дека од денес (29.04.2026), за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, општина Дебрца.
Со цел безбедно вклучување на автопатската делница во близина на овие населени места, возачите на моторни возила , од утре, за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ до кој водат споредните изградени патишта надвор од автопатот.
-Апелираме до возачите на моторни возила, строго да се придржуваат до овие насоки, да ја почитуваат поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализција како и насоките на полициските службеници кои, од утре ќе вршат интензивни сообраќајни контроли на овој патен потег со цел, контрола и мерки кон возачи кои ќе се обидат непрописно да се вклучат и ќе го загрозат автопатскиот сообраќај, соопштија од СВР Охрид.
Деск
ПРОМЕНИ ВО СООБРАЌАЈОТ НА АВТОПАТОТ ОХРИД–КИЧЕВО: СЕ ЗАТВОРААТ ПРИВРЕМЕНИ ИЗЛЕЗИ
1 Min Read

