На 28.04.2026 во 09:20 часот во Гостивар, полициски инспектори од ОВР Гостивар, во присуство на социјален работник, лишиле од слобода 15-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека полово ја вознемирувал и извршил полови дејствија над неговата малолетна сестра, информира Секторот за внатрешни работи Тетово.
-Во службен разговор во присуство на претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Гостивар, малолетничката појаснила дека вознемирувањето започнало пред околу една година преку пораки со непристојна содржина, а подоцна продолжило со физички допири и обиди за присилување на сексуални односи.
Според исказот, пред три месеци, малолетникот со употреба на физичка сила извршил полово дејствие врз неа, соопштија од СВР Тетово.
Малолетничката е предадена на грижа на Центарот за социјални работи Гостивар за понатамошна заштита и постапување. Во координација со јавен обвинител се преземени мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, малолетникот е изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор од 30 дена, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Деск
30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА 15-ГОДИШНИК КОЈ СО УПОТРЕБА НА СИЛА ИЗВРШИЛ ПОЛОВИ ДЕЈСТВИЈА НАД НЕГОВАТА МАЛОЛЕТНА СЕСТРА!
1 Min Read

