Принц Вилијам и Кејт Мидлтон ја прославија 15-годишнината од нивниот брак на нивниот имот во Корнвол, на југозападот од Обединетото Кралство.
По тој повод, кралската двојка објави фотографија на социјалните мрежи, на која се прикажани насмеани, опкружени со нивните три деца – Принц Џорџ, Принцеза Шарлот и Принц Луј, како и нивното куче. Автор на фотографијата е Мет Портеус.
Објавата беше проследена со емотикон срце и кратка порака: „Славиме 15 години брак“.
Принц Вилијам и Кејт Мидлтон стапија во брак во 2011 година, на свечена церемонија во Вестминстерска опатија. Нивната свадбена поворка ја следеа илјадници луѓе низ улиците на Лондон, додека милијарди гледачи ширум светот ја следеа церемонијата во живо преку телевизија.
Во моментот на венчавката, Вилијам имал 28, а Кејт 29 години, по што веднаш започнале со извршување на своите кралски должности. Прославата на нивната 15-годишнина претставува уште еден значаен момент во нивниот заеднички живот, кој постојано е под вниманието на јавноста.
Б.Н.

