Пред речиси 74 години, беше снимен првиот македонски игран филм ,,Фросина”.
Со премиера во киното „Култура“ на 28 јуни во 1952 година, македонската публика за првпат доби свој долгометражен игран филм – Фросина, дело што ќе остави траен белег во културната историја.
Филмот, во режија на Војислав Нановиќ и по сценарио на Владо Малески, ја раскажува трагичната судбина на македонската жена Фросина – симбол на страдањето, трпението и борбата во време на сиромаштија и војна. Главната улога ја толкува Мери Бошкова, заедно со Ацо Јовановски и Петре Прличко.
Снимен од продукцијата Вардар филм, филмот е прв долгометражен игран филм на македонски јазик и означува вистински почеток на националната филмска индустрија.
Темата на делото се фокусира на печалбарството, сиромаштијата и трагедијата на мајката која се соочува со загуба и страдање, прикажувајќи ја реалноста на македонското општество во првата половина на 20 век.
По своето прикажување, „Фросина“ предизвика голем интерес кај публиката и критиката, отворајќи ново поглавје во развојот на филмската уметност во Македонија.
Денес, филмот се смета за класика и темел на македонската кинематографија, симбол на едно време и сведоштво за почетоците на филмската уметност во земјата.
Деск

