Грција воведува нови сообраќајни правила кои се однесуваат на задолжителната опрема во автомобилите, мерка која ќе важи и за странските возачи што транзитираат или патуваат во земјата.
Според најавените измени, од средината на 2026 година сите возила ќе мора да поседуваат комплет за прва помош кој е целосно усогласен со европскиот стандард DIN 13164:2022 или негов еквивалент. Ова значи дека досегашните постари комплети за прва помош кои не ги исполнуваат новите критериуми повеќе нема да се сметаат за валидни.
Контролите на патиштата ќе се засилат, а возачите кои нема да ја имаат пропишаната опрема може да бидат казнети со парична казна од околу 30 евра.
Покрај комплетот за прва помош, се очекува во возилата да бидат присутни и други основни елементи за безбедност, како рефлектирачки елек, сигурносен триаголник и дополнителна прва помош опрема според новите стандарди. Во автомобилот задолжително мора да има:
– термално (изотермално) спасувачко ќебе;
– медицински маски;
– стерилни завои и облоги;
– ракавици за еднократна употреба;
– облога за изгореници;
– ножици за прва помош
– апарат за гаснење пожар (исправен и сервисиран);
– сигурносен (предупредувачки) триаголник;
– рефлектирачки елек (достапен во кабината);
– резервна гума или сет за поправка;
– комплет за прва помош (по нов стандард).
Одлуката, според грчките власти, има за цел да ја подобри безбедноста во сообраќајот и да обезбеди брза и ефикасна реакција во случај на незгода.
Новите правила ќе бидат особено значајни за туристите од Балканот, кои често патуваат со автомобил кон грчките летувалишта, па се препорачува навремена проверка на задолжителната опрема пред патување.
Деск

