Четиринаесетгодишо девојче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 14:55 часот на крстосницата меѓу улиците „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишен С.Ј. од Скопје, и електричен тротинет „шаоми“ со кој управувала малолетничката.
Повредената е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, по наредба на јавен обвинител. Се работи на утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.
Деск
Previous ArticleСЕМЕЈНИ ТРАГЕДИИ И СЕЌАВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ

