На 3 мај 2026 година, околу 01:15 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на подрачјето на општина Центар во Скопје.
Според пријавените информации, дошло до меѓусебна физичка пресметка во која учествувале повеќе лица: Н.С. (18), Н.А. (19), А.С. (26) и Е.С. (19) од Скопје, како и И.Г. (19) од село Трновац, кратовско, Д.М. (22) од Куманово и М.С. (24) од село Тромеѓа, кумановско.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Се работи на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.
Деск

