На својот пријател, воен инвалид му поклонил стан во Сараево, а на семејство кое го изгубило домот во војната му подарил викендица во Хаџиќи.
Оваа приказна за легендарниот пејач Здравко Чолиќ (74) со години наназад се спомнува во медиумите и се наведува како пример за неговата скромност и солидарност. Како што објави РадиоСарајево.Ба, пред да се пресели во Белград, Здравко живеел во сараевската населба Грбавица. Кога завршила војната во Босна, тој решил својот стан да му го подари на пријател од Високо, кој останал инвалид.
И викендицата која ја имал во Хаџиќи ја подарил на семејство од Фоча, кое во војаната останало без сопствен дом.
На хуманата приказна, која со години наназад циркулира во регионалните медиуми, како што пренесуваат дел од нив, сведочеле и жители на Сараево, но Чолиќ никогаш јавно не открил детали за хуманите дела кои му се препишуваат.
Во постаро интервју тој раскажа дека често доаѓал во Сараево и се сместувал во хотел, па затоа имал желба да си купи стан. Желбата си ја остварил во 2013 година, и неретко престојувал во својот роден град.
Неодамна тој доби и дипломатски пасош од Босна и Херцеговина, како признание за долгогодишниот придонес во културата и промоција на земјата на меѓународната сцена.
Б.Н.
НА ПРИЈАТЕЛОТ ВОЕН ИНВАЛИД МУ ПОДАРИЛ СТАН, НА СЕМЕЈСТВО БЕЗ ДОМ – ВИКЕНДИЦА: САРАЕВСКА ПРИКАЗНА ЗА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ
2 Mins Read

