Европското јавно обвинителство (ЕППО) спроведе обемна акција во Хрватска, во рамки на истрага за сомнежи за корупција и злоупотреба на европски средства наменети за земјоделство. Според досегашните информации, уапсени се 21 лице.
Истрагата опфаќа повеќе хрватски жупании и е поврзана со Агенцијата за плаќања во земјоделството, рибарството и руралниот развој. Под истрага се лица осомничени за злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, измама со субвенции, фалсификување документација и дејствување во рамки на организирана криминална група.
Според неофицијални информации објавени од хрватските медиуми, дел од земјоделските стопанства, со помош на вработена во државна институција, наводно манипулирале со апликации за добивање субвенции од европските фондови. Сомнежите се однесуваат особено на поттиките поврзани со користење на арско ѓубриво.
Хрватските власти соопштија дека целосно соработуваат со ЕППО. Министерот за земјоделство Давид Влајчиќ изјави дека веќе се воведени дополнителни механизми за контрола и поголема транспарентност при распределбата на европските средства.
Од ЕППО засега не откриваат повеќе детали ниту идентитет на осомничените, со образложение дека истрагата е во тек. Според странските медиуми, станува збор за една од најголемите истраги поврзани со злоупотреба на европски земјоделски фондови во регионот во последните години.
Деск

