Министерот за здравство Азир Алиу, по повод одбележувањето на Националната и Европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна нивната клучна улога во функционирањето на здравствениот систем, нагласувајќи дека тие се негово „јадро“ – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства.
На свечената академија, организирана од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ), министерот посочи дека Министерството за здравство останува посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавниот здравствен сектор. Како што информираше, досега се реализирани над 1.250 вработувања, при што значителен дел од нив се медицински сестри.
Алиу нагласи и дека е потпишан колективен договор со синдикатите во здравството, со кој е предвидено зголемување на платите од 7 проценти со мартовската плата, како и утврдена динамика за понатамошен раст на примањата во наредниот период.
Тој додаде дека Министерството ќе продолжи со активности за унапредување на здравствената инфраструктура, подобрување на статусот на медицинските сестри и акушерки, како и поддршка на нивното образование и професионален развој.
Деск

