Цели две години беше мистерија каде почива една од најпознатите македонски пејачки на забавна, староградска и народна музика на сите времиња, чии песни станаа евергрини. Се нижеа претпоставки дека можеби е погребана во Филаделфија, каде во минатото живеела, или пак во Германија, се додека фотографии од енјзиното вечно почивалиште не се објавија во српскиот Портал Новости.

Нина Спирова (1938 – 2000) е погребана во селото Коштуниќи меѓу Чачак и Горњи Милановац во Србија. Пред да почина на 82-годишна возраст, повеќе од три децении живееше повлечена од јавната сцена, а од кои дваесет години ги поминала во селото Коштуниќи. Таа имаше статус на истакнат уметник во Србија, но не и во Македонија, имаше српска пензија, но не и македонска, раскажа во 2022 година писателот Синан Ѓуџевиќ за Портал Новости.
Зад Нина останаа хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“, а со „Еден бакнеж“ на композиторот Петар Пешев учествувала на фестивалот Опатија во 1962 и добила прва награда.
-Таа не сакаше да се фотографира, ниту пак сакаше да им се наметнува на медиумите. За нив беше тука, само доколку тие ја побараа. Беше противник и на бракот, бидејќи научила сама да живее и да се бори за се. Живееше сама, ама никогаш не беше осамена, пишуваше своевремено Експрес. Ба.
Во чест на Спирова пред три дена во Културно-информативниот центар во Белград се одржа настанот Портрет. Нејзните вечни мелодии, како и неколку староградски песни кои останаа најмногу препознатливи преку интерпретацијата на Нина Спирова, на концертот беа изведени од дуото формирано по тој повод: Александар Стоименовски-интепретатор и проф. Саво Милетиќ-клавијатури.
Покрај Портрет во чест на Нина, ќе се реализираат и музички портрети на музичките ѕвезди Маја Оџаклиевска и Бети Ѓорѓевиќ.

