Во вечерните часови во Скопје се случила интервенција на надлежните служби по пријава за млад волк кој бил забележан во близина на станбена зграда, откако, според првичните информации, избегал од објект каде бил чуван во несоодветни услови и имал ланец околу вратот.
Како што обајви Тина Мицковска од ЗОО Скопје, животното било пронајдено пред нејзината зграда, исплашено, но без агресивно однесување, и веднаш било преземено од надлежните служби. Волкот бил безбедно заловен со асистенција на институциите и пренесен во Зоолошка градина Скопје, каде ќе биде ставен во карантин и под стручен надзор.
Во акцијата биле вклучени и екипи од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, како и претставници на Град Скопје, кои координирале со цел безбедно решавање на ситуацијата.
-Избегал од некаде каде што несовесно се изживувале и чувале волк на ланец. Со каивче и синџир на себе, исплашен, дури и грицки јадеше кои му ги дадов. Благодарност до целиот тим на МВР што успешно интервенираа и помогнаа во цела ситуација( го фатија волкот безбедно), до град Скопје кои беа вклучени во целиот процес на спасување и до мојот колега Сашо Панчев кој веднаш дојде успешно го залови и пренесе до Зоолошка, истакна Мицковска.
Од Зоолошката градина посочуваат дека животното е мирно и дека нема опасност за граѓаните, но апелираат дека чувањето диви животни во домашни или несоодветни услови е забрането и претставува сериозен ризик, како за животното, така и за околината.
Случајот е завршен без повредени, а институциите најавуваат дека ќе се постапува согласно законските процедури за утврдување на потеклото и условите во кои бил чуван волкот.
В.К.
ВОЛК ЧУВАН КАКО ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ ПРОНАЈДЕН ВО КОЗЛЕ: ЈАДЕШЕ ГРИЦКИ И БЕШЕ ИСПЛАШЕН!
2 Mins Read
Previous ArticleБОЈ ЏОРЏ ИЗНЕНАДИ СО НАСТАП ЗА САН МАРИНО НА ЕВРОВИЗИЈА

