По одржувањето на втората полуфинална вечер во Виена, официјално се комплетираше списокот на земји кои ќе настапат во големото финале на Евровизија 2026. Публиката ширум Европа проследи уште една вечер исполнета со спектакуларни настапи, емоции и неизвесност до самиот крај.
Од првото полуфинале пласман во финалето обезбедија:
Хрватска
Србија
Шведска
Финска
Грција
Израел
Белгија
Литванија
Полска
Молдавија
Од второто полуфинале во финалето се пласираа:
Бугарија
Романија
Чешка
Кипар
Данска
Австралија
Украина
Албанија
Малта
Норвешка
Директно место во финалето имаат и земјите од т.н. „Голема четворка“, како и домаќинот Австрија:
Австрија
Франција
Германија
Италија
Обединетото Кралство
Големото финале на Евровизија ќе се одржи во Виена, а според реакциите на евровизиските фанови, годинава конкуренцијата е една од најсилните во последните години. Музичкиот спектакл повторно ќе обедини милиони гледачи ширум светот, кои со нетрпение очекуваат да дознаат која земја ќе ја понесе титулата победник на Евровизија 2026.
Деск

