Се осигурал дека татко и не е дома, па влегол во нивниот дом и кукавички ја убил својата сопруга и мајка на неговите четири деца додека спиела. И нанел десеттина убоди со нож на 31-годишната Ајнет Вејсел, од кои таа починала на место. Со неа биле разделени, и таа живеела со родителите. Во минатото ја вознемирувал и роднини и викале да го пријави в полиција, но како што раскажаа пред камери, не пријавувала поради децата.

Обвинителството излезе со детали за фемицидот кој вчера наутро се случи во Битола. Донесена е наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишниот битолчанец, за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело Убиство при вршење семејно насилство, квалификувано според член 123, став 2, точка 2 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство.
Вчера пак, негови роднини викаа по полицијата да не го затвора, да го остават слободно, бидејќи, како што кажуваа, биднала работата, и немало потреба да го носат во притвор.
Бројот на случаи на семејно и родово базирано насилство, како и фемициди во земјава, е во постојан пораст. Само во првите месеци на годината се изгубени повеќе животи како последица на семејно и родово базирано насилство.
Постои култура на неказнивост, бавни институционални реакции, како и слаба проценка на ризик, алармираат граѓански организации.
В.К.

