Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) изрази силна осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар за време на прославата на освоената шампионска титула.
Од Федерацијата посочуваат дека и покрај честите апели за достоинствено славење на победите и покажување понизност при поразите, на последната прослава биле забележани содржини кои содржат навреди и вулгарности. Според ФФМ, ваквото однесување е неприфатливо без оглед на тоа кон кого е насочено – дали кон јавни личности, навивачи, фудбалери или други субјекти.
Во реакцијата се нагласува дека ривалитетот меѓу екипите треба да биде здрав и исполнет со меѓусебна почит, додека говорот на омраза, навредите и неспортското однесување немаат место во фудбалот.
Федерацијата најави дека ќе постапи согласно дисциплинските правилници, потсетувајќи дека и во минатото биле санкционирани клубови како ФК Тиквеш, ФК Победа, ФК Вардар и ФК Шкендија за слични прекршоци.
Воедно, дисциплинскиот инспектор при ФФМ ќе отвори постапка против Вардар за утврдување на одговорноста за последните случувања.
Од ФФМ потенцираат дека остануваат посветени на заштитата на фер-плејот и интегритетот на натпреварувањата, нагласувајќи дека нема да дозволат ваквите инциденти да го нарушат угледот на македонскиот фудбал.
Деск
ДИСЦИПЛИНСКИОТ ИНСПЕКТОР ПРИ ФФМ ОТВОРИ ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК ВАРДАР, ПО ПЕЕЊЕТО НА ВУЛГАРНА ПЕСНА ВО КОЈА ЈА СПОМНУВАА КАРОЛИНА ГОЧЕВА
1 Min Read
Previous ArticleБУГАРИЈА ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА!

