Двајца државјани на САД се уапсени во Јапонија откако еден од нив влегол во кафез со мајмунчето Панч, кое стана интернет сензација, додека другиот го снимал целиот настан.
Инцидентот се случил во Ichikawa City Zoo во неделата наутро, кога 24-годишен маж, кој се претставил како студент, наводно ја прескокнал заштитната ограда и влегол во просторот на мајмунот Панч. Неговиот придружник, 27-годишен маж кој се претставил како пејач, го снимал инцидентот.
Иако случајот предизвика бурни реакции, двајцата ги негираат обвинувањата, пишува BBC. Од полицијата информирале дека при инцидентот не биле повредени животни.
Мајмунчето Панч претходно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, откако видеа на кои гушка плишан орангутан – подарок од негувателите – собраа милиони прегледи. Играчката му била дадена откако бил оттурнат од својата мајка.
Според видеа споделени на социјалните мрежи од посетители на зоолошката градина, лице облечено во костим и со плишана играчка во рацете прескокнува ограда и влегува во кафезот. Наводно, костимот бил дел од промотивна кампања за криптовалута.
Лицето подоцна било изведено од кафезот од страна на вработен во зоолошката градина.
Двајцата се уапсени под сомнение за попречување на работата на институција, додека од зоолошката градина соопштија дека поднеле пријава до полицијата и најавија засилени безбедносни мерки за да спречат слични инциденти во иднина, пренесе BBC.
Деск
УАПСЕНИ ДВАЈЦА АМЕРИКАНЦИ ВО ЗООЛОШКА: ЕДНИОТ ВЛЕГОЛ КАЈ МАМУНЧЕТО ПАНЧ, ДРУГИОТ ГО СНИМАЛ ЗА РЕКЛАМНА КАМПАЊА ЗА КРИПТОВАЛУТА!
2 Mins Read
Previous ArticleЉУТКОВ: ПАРИ ОД ИГРИ НА СРЕЌА ЌЕ ОДАТ ЗА ФИЛМ И ТУРИЗАМ!
Next Article ОД ХАОС ДО СИСТЕМ: АЛИУ НАЈАВУВА ПАМЕТНО ЗДРАВСТВО

