Во СВР Тетово, на 18.05.2026 година во 11:00 часот, 36-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од 37-годишниот А.Л. од село Палчиште.
Според пријавеното, пред околу шест месеци, пријавителот му дал полномошно за користење и управување со неговото патничко моторно возило „нисан микра“ со тетовски регистарски ознаки, врз основа на претходен усмен договор за продажба на возилото во износ од 4.500 евра, со договорена отплата на месечни рати од по 1.000 евра.
Во првиот период, А.Л. исплатил само 1.000 евра, по што престанал со отплатата на преостанатиот долг од 3.500 евра.
Подоцна, без знаење и согласност на сопственикот, возилото било препродадено на трето лице за сума од 3.200 евра.
Од надлежните органи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Деск

