На 18.05.2026 година во 17:30 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 33-годишната С.Ј.Т. од Скопје.
Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 13:30 часот истиот ден, додека била на работното место во Гинеколошко-акушерската болница во Чаир, при пад од скали.
Повредената била итно пренесена во Ургентниот центар за укажување на лекарска помош.
За настанот е известен трудов инспектор, кој ќе треба да ги утврди околностите под кои дошло до несреќата.
Деск

