Синдикалната минимална кошничка за мај 2026 година изнесува 68.743 денари и е намалена за само 54 денари во споредба со април, кога изнесувала 68.797 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Според пресметките на ССМ, доколку едно четиричлено семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, тогаш месечните трошоци достигнуваат 84.117 денари.
Најголем дел од трошоците и натаму отпаѓаат на храна и пијалаци, за што во мај биле потребни 25.475 денари. За образование биле предвидени 7.192 денари, за облека и обувки 6.334 денари, додека за станарина, вода, струја и греење биле потребни 6.338 денари. За транспорт, едно семејство требало да одвои 5.041 денар.
Од ССМ посочуваат дека и покрај минималното намалување во мај, трошоците за живот остануваат високи. Во април синдикалната кошничка беше зголемена за 979 денари во однос на март, а за првите четири месеци од годината пораснала за над 3.300 денари.
Деск
Previous ArticleАНЕТА ЉУМАКОВСКА СЕ ОМАЖИ: ВО ДОБРО И ЗЛО – ЗАЕДНО

