Подгорица вечерва ќе биде домаќин на голем музички спектакл, откако светската ѕвезда Рики Мартин ќе настапи по повод 20-годишнината од независноста на Црна Гора.
Концертот, кој ќе се одржи на Плоштадот на независноста, е најавен како централен настан во рамки на државната прослава. Влезот е бесплатен, а се очекуваат илјадници граѓани и гости од регионот.
Од Владата на Црна Гора велат дека станува збор за еден од најголемите музички настани организирани во земјата во последните години, со цел достојно одбележување на јубилејот. Настапот на светски познатата ѕвезда дополнително ја засили атмосферата и интересот кај јавноста.
Неколку дена пред концертот, Рики Мартин им се обрати на фановите преку социјалните мрежи со порака дека со нетрпение го очекува настапот, што дополнително ја подгреа еуфоријата.
Сепак, настанот не помина без реакции. Дел од политичарите во Црна Гора го отворија прашањето за трошоците за организацијата, оценувајќи дека јавноста треба да биде информирана за финансиските детали.
И покрај тоа, очекувањата се дека вечерва Подгорица ќе пулсира во ритамот на светските хитови, а прославата ќе остане запаметена како еден од највпечатливите настани по повод независноста на државата.
Деск
Previous ArticleССМ: СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЧКА СЕ НАМАЛИЛА ЗА 54 ДЕНАРИ

