На 20.05.2026 година во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода три лица по пријава дека во угостителски објект во Велес користеле дрога.
Станува збор за 34-годишната С.Ч., 53-годишниот С.Т. од Велес и 55-годишниот С.Џ.Х. од село во општина Чашка.
Според полициските информации, по добиената пријава, службениците ги затекнале лицата пред угостителскиот објект. Во моментот на интервенцијата, С.Ч. се однесувала агресивно кон полициските службеници.
При извршен увид во внатрешноста на објектот, на масата на која претходно седеле лицата биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја.
Од местото на настанот биле подигнати траги и остатоци од материјата за понатамошно вештачење.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против инволвираните лица.
Деск
ЖЕНА И ДВАЈЦА МАЖИ КОРИСТЕЛЕ ДРОГА НА МАСА ВО КАФЕАНА, ПРИ АПСЕЊЕ ТАА ГИ НАПАДНАЛА ПОЛИЦАЈЦИТЕ
1 Min Read
Previous ArticleПЕЈАЧКАТА МАЈА ВУКИЧЕВИЌ ДОБИ ДРЖАВЈАНСТВО ВО АВСТРАЛИЈА

