Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид изјави дека германската компанија Kostal претставува успешна приказна која значајно придонесува за развојот на македонската економија.
При посетата на производствениот капацитет на компанијата, Мицкоски истакна дека станува збор за инвестиција која со години расте, воведува нови технологии и отвора нови работни места во земјата.
-Ова е приказна за успех која покажува што значи вистинска соработка меѓу државата, локалната самоуправа и странските инвеститори. ‘Костал’ е доказ дека кога постои партнерски пристап, резултатите не изостануваат.
Јас од името на Владата сакам да се заблагодарам на сето тоа коешто го направивте изминатава деценија, изминативе 10 години. Повеќе од 1.300 вработени ако не се лажам беа 1.340 мислам дека сопственикот таа бројка ја спомена којшто се овде во производните капацитети на „Костал“ во Охрид, повеќе од 1.300 човечки судбини, семејства коишто својата иднина ја гледаат токму тука во „Костал“, изјави премиерот.
Тој додаде дека Владата останува посветена на привлекување и поддршка на странски инвестиции, со цел отворање на нови, подобро платени работни места и зајакнување на економскиот раст.
Според него, економскиот напредок се мери преку инвестиции, извоз и стабилност на пазарот на труд, при што ваквите компании имаат клучна улога во таа насока.
Компанијата „Костал“ во Охрид работи на производство на автомобилски електронски компоненти и е меѓу значајните странски инвеститори во земјата.
Деск
Previous ArticleНОВ ФЕМИЦИД ВО МАКЕДОНИЈА: УБИЕНА МЛАДА ЖЕНА, СОПРУГОТ ПРИВЕДЕН!

