СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С. од село Волковија, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека сторил неколку кривични дела – „кражба“, „одземање моторно возило“ и „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од полицијата, на 4 и 5 декември 2025 година, во село Брвеница, пријавениот најпрво од домот на неговата поранешна девојка одзел клучеви од патничко возило.
Потоа, како што се наведува, во истиот период во Брвеница го пронашол и запалил возилото, предизвикувајќи материјална штета и општа опасност.
Во продолжение на настанот, лицето одзело патничко возило во сопственост на друго лице и со него се упатило кон село Волковија.
По преземените мерки и активности, случајот е целосно документиран, по што против Г.С. е поднесена кривична пријава, а постапката продолжува пред надлежните органи.
Деск
ОЧАЕН МАЖ ГО ЗАПАЛИЛ АВТОМОБИЛОТ НА ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА, А ПОТОА УКРАЛ И ДРУГО ВОЗИЛО
1 Min Read

