Самохраната мајка Емилија и нејзините малолетни деца бараат помош од хуманите граѓани. Како што објави платформата за донации ИКРАУД, станува збор за жена која со години живеела во страв, психичко и емоционално насилство – врз неа и врз нејзините две деца. Денес, со децата започнала нов живот, под кирија, а потребни и биле средства за да ја реновира и адаптира за живеење куќата која ја добила од нејзиниот татко, кој починал.
-По долг период борба, таа конечно собра сила да замине и да ги заштити своите деца. Судот ѝ доделил целосно старателство и заедно започнале нов живот – под кирија, но со мир и надеж дека конечно ќе имаат нормално детство и сигурност.
Нејзината најголема поддршка бил нејзиниот татко. Заедно започнале да ја средуваат куќата што тој ѝ ја оставил како подарок – дом во кој децата ќе растат без страв и трауми. Но животот повторно задава тежок удар. Нејзиниот татко ненадејно починал, оставајќи ги сами во секојдневна борба за опстанок.
Денес, оваа мајка не бара луксуз. Бара шанса за топол дом. Шанса нејзините деца да растат со љубов, сигурност и мир – онака како што секое дете заслужува, наведено е во објавата на ИКРАУД.
Со цел мајката и нејзините деца да добијат достоинствен дом, може да се донира на следниот начин:
Со картичка: Донирајте онлајн преку eCrowd.mk, со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“ погоре. Износот може да биде од 100 до 6000 денари дневно.
Со банкарска уплата: За поголеми износи од 6000 денари, донирајте директно на сметката на Фондацијата ИКРАУД: Жиро сметка: 270078016610134 Цел на уплата: за Емилија и децата Шифра: 562 / донации, објавено е на платформата.
Деск
ПО ДОЛГИ ГОДИНИ НАСИЛСТВО, ЕМИЛИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА ЗАПОЧНАЛЕ НОВ ЖИВОТ, ПОТРЕБНА ИМ Е ПОМОШ
2 Mins Read

