Општина Росоман најави одржување на традиционалната манифестација „Праскобер – Духовден фест 2026“, која ќе се реализира од 29 до 31 мај и ќе понуди богата програма исполнета со музика, спорт и културни содржини.
Фестивалот ќе започне во петок, на 29 мај, со прием на делегации во 18 часот, по што во 20 часот ќе следи свечено отворање на програмата. За музичкиот дел од првата вечер се најавени настапи на „Ана и Девојките“ и групата „Куку Леле“.
Во сабота, на 30 мај, програмата продолжува со фудбалски турнир кој ќе започне во 10 часот, додека во попладневните часови, од 18 часот, ќе се одржи културно-уметничка програма. Вечерта е резервирана за музика, со настапи на „Колектив бенд“ и популарниот пејач Мирза Селимовиќ.
Последниот ден од манифестацијата, недела (31 мај), ќе биде посветен на традиционалниот панаѓур, кој секоја година привлекува голем број посетители од регионот.
Од Општина Росоман ги повикуваат граѓаните да бидат дел од тридневната прослава и заедно да уживаат во богатата програма, негувајќи ја традицијата и заедништвото.
Деск

