Умираше месец дена во болница, но до рано наутро ги засмеваше болните…
Имал само девет години кога мајка му Новка починала од туберкулоза, а на 10-годишна возраст останал и без неговиот татко Јован, кој бил застрелан во 1943 година, за време на Втората светска војна. Како сирак, останал на улица, се додека некој старец не го однел заедно со неколку други момчиња да работи во фабрика за конзерви.

Драгомир Гидра Бојаниќ (1933 – 1993) е човекот кој имал тежок животен пат, но сепак успеваше да ја насмее цела поранешна Југославија. Легендарниот актер играше во стотина телевизиски проекти, но сепак улогата на Жика Павловиќ во култната ,,Жикина династија” ја одбележа неговата кариера.
-Со цел да си обезбеди егзистенција, завршил средно училиште за преработка на месо, овошје и зеленчук, и се вработил во фабриката за конзерви Црвена Ѕвезда. Сепак, љубовта кон уметноста го однела до аматерскиот театар во родинот Крагуевац, а од таму стигнал и до Белград. Колегите од аматерскиот театар собрале пари за да му помогнат да се запише на Академијата, а останатото е историја, раскажуваше за српските медиуми неговата ќерка Јелена Бојаниќ, која ја доби во бракот со актерката Лилјана Контиќ.
За времето кога бил хоспитализиран поради тешката болест, таа раскажуваше дека татко и умирал цел месец, но сепак до рано наутро ги засмевал сите во болницата.

-Целата болница беше полна со ранета војска, сите деца од 18, 19 години. Тој знаеше дека му е крај, па сестрите дури му шверцуваа цигари. Во неговата соба имаше дежурни лекари и ранети, а тој до четири наутро имаше шега за секој од нив. Така умираше месец дена и секоја вечер ја правеше истата забава, се сеќаваше Јелена.
Гидра почина на 60-годишна возраст од рак на црниот дроб, а е погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.
Деск

