Членот на ИО на СДСМ Александар Наумоски со раководството на ОО СДСМ Кичево го посетил саботниот традиционален сточен пазар во Кичево, и разговарал со индивидуалните сточари.
Како што соопштија од СДСМ, сточарите биле на работ на егзистенција – немало исплата на субвенциите за 2025 по грло и немало премија за млекото од јуни 2025 досега.
-Се жалат на монополски позиции на откупувачите, всиоки се цените на концентрираната храна, житариците, вештачките ѓубрива и нафтата кои отидоа во небо. Трошоците за одржување на едно грло добиток се двојно или тројно зголемени, додека откупната цена е ниска.
Поради нерентабилноста, во Македонија има тивок, но масовен егзодус на сточарството.
Цената по која им се откупува млекото или месото е под производната цена. Ова значи дека колку повеќе работат и произведуваат, толку поголеми загуби акумулираат. Македонскиот сточар се наоѓа во шкрипец меѓу скапото производство и евтиниот откуп. Ако не се преземат итни, системски мерки за заштита на домашното производство, Македонија ризикува целосно да остане без домашно млеко и месо и да стане 100% зависна од увоз, потенцираат од СДСМ.
Деск
Previous ArticleФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО ЌЕ СТАРТУВА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

