Основното јавно обвинителство побара определување мерка притвор за 40-годишен жител на Битола, осомничен за киднапирање и физички напад врз девојка по матурска прослава.
Според информациите, настанот се случил по завршување на прославата, кога осомничениот насилно ја однел девојката и ѝ нанел телесни повреди.
-Ја пресретнал кога се враќала од матурската забава, ја внел во автомобилот, и го зел мобилниот телефон и физички ја нападнал. Таа се ослободила и побарала помош од случаен минувач, соопшти Обвинителството.
Случајот бил пријавен во полиција, по што започнала истрага за утврдување на сите околности.
Обвинителството смета дека се исполнети законските основи за определување притвор, поради опасност од бегство, како и можност осомничениот да влијае врз сведоци или да го повтори делото.
Од надлежните институции информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот, додека истрагата е во тек.
Случајот ја вознемири јавноста, особено поради фактот што станува збор за насилство врз млада девојка по матурска прослава. Се очекуваат повеќе детали во текот на постапката.
Деск

