Вистинска драма се одвивала на небото над Австрија, каде 44-годишна параглајдерка од Австрија и мал авион управуван од 28-годишник од Тирол се судриле во воздух, во несреќа која за малку можела да заврши трагично. Настанот се случил во воздухот над планинарски дом во Piesendorf.
Според информациите на тамошните медиуми, до судирот дошло за време на лет, под засега неразјаснети околности. По силниот удар, и параглајдерката започнала да паѓа, но успеала да активира падобран. Откако завршила на шумски пат, на терен веднаш биле испратени спасувачки екипи. И авионот успеал безбедно да слета.
И покрај сериозноста на инцидентот, во оваа несреќа нема жртви, а параглајдерката се здобила со повреди.
Надлежните служби веќе започнале истрага за да ги утврдат причините за несреќата, која отвора сериозни прашања за безбедноста во воздушниот сообраќај, особено во зони каде се преклопуваат различни видови летала.
Инцидентот уште еднаш потсетува колку малку е потребно за да се случи трагедија – и колку понекогаш исходот може да биде вистинско чудо.
Деск
Previous ArticleАВАНГАРДАТА НА МЕТО ЖИВЕЕ: ЕМОТИВНА ИЗЛОЖБА ВО НЕГОТИНО

