Како свадбен подарок од колешки од работа добиле коверт со инстант лозови од Државна лотарија, а кога наредниот ден, по свадбата започнале со гребење на лозовите, веќе на третата грепка останале без зборови. Младот брачен пар Фросина и Пеце Козароски од Кривогаштани освоиле автомобил Ford Kuga од инстант лозот „Титаниум“ и буквално влегле во заедничкиот живот со нов автомобил.
-На нашата свадба добивме многу подароци, но еден беше навистина посебен – колешките од работа ни подарија грепки. Имаше 3 „Титаниум“ и уште 10 други. Искрено, ги прифативме како симпатичен гест, без некои големи очекувања.
Следниот ден, седнати заедно со сопругот, почнавме да ги гребеме една по една. Се смеевме, се шегувавме… сѐ додека не стигнавме до третата „Титаниум“ грепка. Во тој момент – шок. Не можев да поверувам што гледам. Помислив дека грешам, дека нешто сум помешала. Но не – грепката беше добитна. Добивме Ford Kuga.
Во тој момент времето застана. Погледнавме еден во друг и едноставно избувнавме од среќа. Тоа беше чувство што не се опишува – чиста, искрена радост. Свадбата ни донесе љубов, а веднаш потоа и неочекувана среќа која ќе ја паметиме цел живот. Понекогаш купувам грепки – не затоа што очекувам нешто големо, туку поради она мало чувство на возбуда додека ги гребам. Најголемите добивки во животот доаѓаат кога најмалку ги очекуваш.
И да, верувам во среќа. И верувам дека секој заслужува барем еден таков момент во животот кога срцето ќе затрепери од радост. Затоа верувајте и вие – затоа што среќата секогаш наоѓа начин да изненади, кога најмалку ја очекувате, раскажала Фросина, а веста ја објави Државна лотарија.
Деск

