Во засилена акциска контрола што ја спроведе СВР Скопје, за само осум часа санкционирани биле дури 116 мотоциклисти, а најголем дел од прекршоците се однесувале на неносење заштитна кацига. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, повеќе од половина од казнетите возачи управувале мотор без задолжителна заштитна опрема.
Контролата била реализирана во периодот од 12 до 20 часот на територија на Скопје, при што полицијата санкционирала и возачи кои немале соодветна категорија за управување, лица што возеле нерегистрирани мотори, како и мотоциклисти без возачка дозвола.
Од МВР информираат дека биле изречени десетици мерки за различни прекршоци, а тројца мотоцикли биле одземени. Во текот на акцијата, еден мотоциклист бил лишен од слобода поради безобѕирно управување со мотор.
Полицијата најавува дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да придонесат за поголема безбедност на патиштата.
Деск
СЕ ОДЗЕМААТ МОТОЦИКЛИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ, САМО ВО СКОПЈЕ КАЗНЕТИ 116 МОТОЦИКЛИСТИ ЗА ОСУМ ЧАСА!
1 Min Read

