Дубаи продолжува да ја гради својата репутација на „паметен град“, но овојпат во фокусот не се луѓето, туку бездомните животни. Со воведување на иновативни „Ехсан станици“, градот користи вештачка интелигенција за автоматско препознавање и хранење на мачки скитници.
Станува збор за 12 специјализирани станици кои не само што обезбедуваат храна, туку и собираат податоци за навиките на животните. Системот следи колку често мачките доаѓаат, колку храна консумираат и во кое време, овозможувајќи им на надлежните служби подобро да ја планираат грижата и контролата на популацијата.
Овој проект е дел од поширока стратегија за подобрување на хигиената во урбаните средини и хумано справување со проблемот со бездомните животни. Паралелно со технолошките решенија, се спроведуваат и програми за стерилизација и вакцинација, со цел долгорочно намалување на бројот на животни на улиците.
Дополнително, властите најавија поставување на 50 фонтани со вода за птици и диви животни низ целиот емират. Во климатски услови како оние во Дубаи, каде температурите често достигнуваат екстремни вредности, пристапот до вода е клучен за опстанок на многу видови.
Со овој пристап, Дубаи покажува дека модерната технологија може да се искористи не само за урбан развој, туку и за создавање похумано и одржливо опкружување за сите живи суштества.
Деск

