На познатото летувалиште Ханиоти на Халкидики, Грција, 77-годишна државјанка на Србија трагично го загуби животот, откако била пронајдена без свест во морето.
Според информациите од грчките власти, жената била извлечена од водата во утринските часови од страна на присутни лица, по што веднаш била пренесена во здравствен центар во Касандра. И покрај обидите на лекарите да ѝ го спасат животот, била констатирана смрт.
Надлежните служби информираат дека случајот го истражува Второто одделение на Поморската управа во Неа Муданија, а по наредба на обвинителството ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Ханиоти важи за една од најпосетените туристички дестинации на Халкидики, особено во летниот период, кога илјадници туристи од регионот престојуваат на ова крајбрежје. Токму затоа, овој трагичен настан ја вознемири јавноста и туристите кои се наоѓаат таму.
Деск

