Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска започнува судењето против апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој се соочува со сериозни обвиненија за противправно стекнување имот и перење пари.
Според обвинението, при претрес во домот на неговите родители биле пронајдени околу 350.000 евра, сокриени во специјално изграден простор. Обвинителството истражува дали станува збор за нелегално стекнати средства, додека одбраната категорично ги отфрла наводите.
Ристов пред судот изјави дека не се чувствува виновен и дека целиот имот и пари имаат легално потекло. Според неговите тврдења, средствата биле заработени преку семејни активности, меѓу кои земјоделие и продажба на земјиште.
Во текот на истрагата, на судијата му беше одреден куќен притвор, а одземен му е и пасошот како мерка на претпазливост. Судот досега не ги прифати барањата на одбраната за укинување на овие мерки.
Случајот предизвика значително внимание во јавноста, особено поради функцијата што ја извршува обвинетиот. Од Апелационен суд Скопје претходно порачаа дека постапката нема да влијае врз редовното функционирање на судот и апелираа да се почитува презумпцијата на невиност.
Судењето се очекува да продолжи со изведување на докази и сослушување на сведоци во наредниот период.
Деск
Previous ArticleХРИСТИЈАН БОЖИНОВ – КИКО ПОБЕДИ НА ВАЛАНДОВО ФОЛК ФЕСТ!

