Христијан Божинов – Кико со песната„Градче мое убаво“ победи на Валандово Фолк Фест. 39-то издание на реномираниот фестивал на новокомпонирана македонска народна песна и донесе на публиката 20 нови композиции, кои ја продолжуваат валандовската музичка приказна.
Третата награда ја освоија Анета Љумаковска, Јане Динев и Анета Бенд со песната „После сѐ“, а второ место освои Благица Калева со песната „Солзи немам“.
Традиционалниот фестивал започна синоќа, со предфестивалска вечер на градскиот плоштад во Валандово, а пак натпреварувачкиот дел се одржа вечерва во фестивалската сала Јанко Узунов.
Настапија учесниците:
Софија Пуровска — „Мир што ме опива“, Дејан Николоски – Чуле — „Слатки мали лаги”, Ивана Наумова Каранфилов — „Дојде време да се вратиш“, Стефан Илиќ, Србија — „Уште еднаш“, Габриела Новевска — „Да имав јас среќа“, Група Распеани Валандовчани — „Отвори Лидо рајски прозорец“, Лени Партикова — „Пуштај ме мајко“, Горан Тодороски — „Билјана“, Ивана Серафимовска — „Дишам повторно“, Горан Тодоровски — „Сонце да ме разбуди“, Ангела Влинтовска — „Вардар тече среде Скопје“, Нино Величковски — „Смислата на животот“, Василија Петрова — „Среќна со тебе“, Драган Даце Николовски — „Жено неверна“, Благица Калева — „Солзи немам“, Мишко Крстевски — „Калина“, Анета Љумаковска, Јане Динев и Анета Бенд — „После сѐ“, Благоја Грујовски — „Султана“, Смиља Митревска — „Љубовта нека царува“ и Христијан Божинов – Кико — „Градче мое убаво“.
Во годините наназад, на сцената на Валандово Фолк Фест беа отпеани едни од најубавите македонски песни, помеѓу кои ,,Бисер Балкански”, ,,Лихнида кајче веслаше”, ,,Едно срце имам”, ,,Пеам да не заплачам”, ,,Во црно вино утеха нема”, ,,Дајте ми ја”, ,,Дали чекаш стара мајчице” и многу други.
В.К.

