-Нашата љубов беше се, само не обична. Анѓелка беше монахиња кога ја запознав, и поради љубов се размонаши. Се венчавме во 1977 година, се смирив покрај неа и ги добивме синот Томислав и ќерката Кристина. Но, среќата не траеше долго, веќе во 1980 година ми се случи тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, кога при судир со автобус останав засекогаш врзан за инвалидската количка. Поради трети лица ми се случи нешто кое никогаш порано не се случило во нашата фамилија – развод, но сепак најголемиот животен удар дојде во 2020 година, кога ненадејно почина мојот син Томислав, во својата 39-та година – ја раскажува својата животна приказна за хрватските медиуми популарниот поп пејач Здравко Шкендер.
Со неговите хитови ,,Не могу да те заборавим”, ,,Жена као ти” и многу други, растеа бројни генерации во поранешните Југословенски републики. Иако во количка, Шкендер и денес, на свои 75 години настапува и не крие дека музиката е неговата најголема сила.
-Играв фудбал во младоста во ФК Шибеник, во повикот на сцената беше посилен. Ја основав тогаш групата Ад Астра, и после се што ми се случи, токму музиката и верата ми ја даваат енергијата и силата. Имав несреќен брак, со години немам контакт ниту се ќерката, и знам дека поминаа години, касно е да се исправи било што во нашиот однос.Потекнувам од традиционална фамилија, и за жал бев првиот случај кој било кога се развел помеѓу сите роднини. Не само мене, тоа тешко му падна на цело семејство, а загубата на синот ми остави празнина која ништо нема да ја потполни. И после се, кога ја гледам публиката како пее со мене, тоа е целиот свет кој мене ми остана. На сцената сум 50 години, и на музиката не гледам како на начин да се заработат пари, туку како на љубов и терапија. И не планирам пензионирање – додека можам, ќе настапувам, раскажа Шкендер.
Деск

